Инфлацијата ги притиска бизнисите: Како се справува Македонија во споредба со Балканот и Европа?

Во последните неколку години, инфлацијата претставува еден од најголемите економски предизвици за малите бизниси. Зголемените цени на енергијата, суровините, транспортот и работната сила директно влијаат врз трошоците на компаниите. 

Во 2025 г., инфлацијата во Македонија се движеше околу 4%, додека на почетокот на 2026 г. се намали на околу 3,2%, што е најниско ниво од 2025 година. Иако намалена, инфлацијата сепак продолжува да создава притисок врз бизнисите и куповната моќ на граѓаните. 

За малите и средни претпријатија, ова значи потешко планирање на трошоците, намалена потрошувачка кај клиентите и потреба од нови стратегии за опстанок. 

Како малите бизниси да се прилагодат на ваквите економски услови

Едно од решенијата или можните алатки кои малите бизниси треба да ги применат е оптимизација на трошоците. Малите бизниси најчесто имаат ограничени финансиски резерви, па затоа е важно внимателно да се управува со трошоците. Ова може да вклучува:

  • преговарање со добавувачи за подобри цени
  • користење локални суровини наместо увоз
  • оптимизација на потрошувачката на енергија и логистика

Дигитализацијата и онлајн продажбата се дел од една модерна алатка која секое претпријатие треба да ја користи, и покрај заканата од висока инфлација. Преку дигитални алатки и онлајн продажба, компаниите можат да намалат дел од оперативните трошоци и да дојдат до поширок пазар.

Исто така, се препорачува и воведување флексибилни цени и нови производи. Во услови на инфлација, важно е компаниите да нудат различни ценовни категории или нови производи со пониска цена за да ја задржат базата на клиенти.

Не треба да се заобиколи и искористувањето на државните мерки кои се нудат во овој период. Владата, преку различни програми, периодично нуди поддршка за мали и средни претпријатија. Поддршката е во форма на грантови и програми за вработување и развој, со што се олеснуваат дел од финансиските притисоци. 

Споредба: Како се справуваат бизнисите во соседните земји

Во земјите од регионот, како Србија, малите бизниси се соочуваат со слични проблеми како раст на цените на енергијата и намалена потрошувачка. За да се справат со инфлацијата, многу компании применуваат неколку стратегии:

  • диверзификација на производите
  • соработка со повеќе добавувачи за подобри цени
  • зголемување на извозот кон други пазари

Регионалните економии се често чувствителни на глобални ценовни шокови, особено во секторите како храна, енергија и транспорт. Поради тоа, малите компании на Балканот често мораат брзо да се адаптираат и да работат со помали профитни маржи.

Споредба: Каква е состојбата во развиена западна држава 

Во развиени економии како Германија, малите бизниси имаат повеќе механизми за
заштита од инфлација:

  • пристап до поволни кредити и финансиски фондови
  • силни програми за државна поддршка
  • поголема продуктивност и технолошка опременост.

Во такви економии, компаниите често инвестираат во автоматизација, енергетска ефикасност и дигитализација и иновации, со што ги намалуваат долгорочните трошоци. Исто така, финансискиот систем е постабилен, што им овозможува полесен пристап до кредити и инвестиции.

Инфлацијата е глобален предизвик, но најсилно ги погодува малите бизниси со ограничени ресурси. Во Македонија, решението лежи во подобро управување со трошоците, дигитализација и искористување на државната поддршка. Иако условите на Балканот се потешки во споредба со развиените западни економии, со правилни стратегии и иновации, малите бизниси можат да останат конкурентни и да продолжат да растат дури и во период на економска неизвесност.

Во насока на ублажување на последиците од најновите глобални економски турбуленции говорат и пораките од премиерот Христијан Мицковски кој најавува можно намалување на акцизите за гориво или даноците за да се спречи удар врз стандардот на граѓаните:

„Можеби со тек на време ќе имаме одредени економски предизвици, односно притисок врз цената на енергенсите, на нафтата и на гасот, повеќе на нафтата, бидејќи немаме голема зависност во делот на гасот. 

Завршува грејната сезона, а компаниите немаат голема потрошувачка на гас. Но, во нафтената индустрија можеби ќе имаме одредени притисоци. Можно е да има зголемување на цените, но разговараме со Министерството за финансии  како да реагираме. 

Можеби со намалување на акцизите или во однос на даноците за да го намалиме ударот врз стандардот на граѓаните“ – изјави Мицкоски.

Поврзани вести

Препорачано