Услови за користење

Финансиски портал Findex

Условите за користење се однесуваат на сите содржини објавени на веб страницата на финансискиот портал Findex ( во понатамошниот текст: Порталот) и ги уредуваат правата и обврските на корисниците при користење и преземање на содржини.

Со пристапување и користење на Порталот, корисникот се согласува со овие Услови во целост.

Авторски права и сопственост

Сите текстуални содржини, колумни, графички прикази, фотографии, видео материјали, анализи, како и останати содржини објавени на порталот се заштитени со авторско право. Носителот на авторските права е издавачот на Порталот. Забранета е дистрибуција,копирање, умножување или електронско пренесување на содржините во целост или делумно за комерцијални цели без претходна писмена согласност од издавачот.

Општи услови за преземање на текстуални содржини

Комерцијални медиуми

Дозволено е бесплатно  преземање на насловот и првиот параграф

  • Задолжително и видливо наведување на изворот: „Findex“,
  • Доколку текстот е потпишан, задолжително се наведува името и презимето на авторот,
  • Насловот на преземната содржина треба да започнува со: Findex, ( на пр. Findex: Нови трендови во банкараскиот сектор),
  • На крајот од преземениот текст, задолжително се наведува реченицата: „ Целиот текст прочитајте го тука“, или „ Целиот текст прочитајте го на следниот линк“, при што зборот „ тука“, или „ линк“, мора да биде активен хиперлинк до оригиналниот текст на Порталот.

Секое преземање над наведениот обем или без исполнување на горенаведените услови се смета за неовластено користење.

Колумни и Анализи

  • Бесплатно преземање на колумни и авторски анализи во целост не е дозволено без претходна писмена согласност,
  • Дозволено е извадок од насловот и првиот параграф
  • Насловот мора да содржи формулација: Авторот за Findex,
  • На крајот задолжително да стои: Целата колумна прочитајте ја тука, со активен линк до оригиналната колумна.

Видео и Фотографии

  • Преземање, реобјавување или дистрибуција на фотографии и видео материјали е дозволено исклучиво со претходно писмено одобрение од издавачот,
  • Доколку содржината содржи јасно и видливо лого на „Findex“, може да се преземе со задолжително наведување на изворот и линк до оригиналната објава,
  • Секое друго користење на содржината без дозвола се смета за прекршување на авторските права .

Надоместок за неовластено користење

Објавување или користење на содржини спротивно на овие Услови претставува повреда на авторско право. Во таков случај, корисникот се согласува да му исплати на издавачот договорен надомест во следниве износи:

  • Вести, извептаи, анализи: 20.000 денари по содржина,
  • Колумни: 20.000 денари по содржина,
  • Видео материјали или фотографии: 15.000 по содржина

Ограничување на одговорност

Порталот објавува информации од финансиски, економски и деловен карактер со информативна цел.

Издавачот не презема одговорност за:

  • Одлуки донесени врз основа на објавени информации,
  • Евентуални неточности кои произлегуваат од трети извори,

Измена на условите

Издавачот го задржува правото во секое време да ги измени овие Услови. Измените стапуваат на сила со денот на нивното објавување на Порталот.

Контакт

За барање, дозвола, соработка или дополнителни информации, може да се обратиет до редакцијата на „Findex“

Медиа Конективити ДООЕЛ Скопје
Ул. Ангел Мојсовски 8, Скопје

www.findex.mk