Политика за колачиња

Веб-страницата на Findex користи колачиња (анг. cookies) со цел обезбедување сигурно, стабилно и персонализирано користење на финансиската платформа и услугите кои се нудат преку неа. Колачињата претставуваат мали текстуални датотеки кои се складираат на Вашиот уред при посета на веб-страницата и можат да бидат прочитани при повторно отворање на страницата. 

Колачињата ги користиме за подобрување на функционалноста на платформата,за
зголемување на безбедноста на финансиските операции, како и за оптимизирање на корисничкото искуство при користење на услугите на Findex. 

Во зависност од времетраењето на складирање, колачињата можат да бидат постојани 
или привремени (сесиски). Постојаните колачиња остануваат зачувани на Вашиот уред 
и по затворање на интернет пребарувачот, додека привремените колачиња се бришат 
веднаш по затворањето на пребарувачот. 

Согласно важечките прописи за заштита на личните податоци и електронските комуникации, 
колачињата може да се складираат на Вашиот уред само доколку се строго неопходни за 
функционирање на веб страницата. За сите останати типови колачиња потребна е Ваша претходна согласност. 

Доколку имате прашања во врска со оваа политика или со заштитата на личните податоци, 
можете да не контактирате преку наведените контакт податоци на веб-страницата. 

Зошто користиме колачиња? 

Колачињата ги користиме за: 

• Обезбедувањена техничко функционирање на веб-страницата 
• Подобрување на безбедноста при пристап до содржината 
• Анализана користењето на веб-страницата 
• Персонализација на содржините    

При посетата на веб страницата можеме да собереме податоци како IP адреса, време на посета, прегледани страници и начин на навигација, без притоа да вршиме директна идентификација на корисникот. 

Каков вид на колачиња користиме? 

Неопходни колачиња 

Овие колачиња се задолжителни за функционирање на веб-страницата и овозможуваат: 

• Безбедна најава  
• Управување со сесијата на корисникот 
• Пристап до содржина на веб страницата 

Сесиските колачиња се користат за време на активната посета на платформата и се бришат 
автоматски по затворање на пребарувачот. Тие овозможуваат зачувување на состојбата на 
корисничката сесија .  

Постојаните колачиња се користат за: 

Запомнување на јазичните поставки 
Персонализација на корисничкото искуство 
Подобрување на навигацијата 

Рекламни колачиња 

Рекламните колачиња се користат за прикажување на содржината и услуги кои можат да бидат релевантни за корисникот. 

Управување со колачиња 

Корисникот може да ги прифати или одбие незадолжителните колачиња преку 
поставките на платформата.  

Опцијата „Не благодарам, само неопходни колачиња“ овозможува користење само на 
неопходните колачиња. 

Промени на Политиката 

Политиката за колачиња може да се менува согласно законските прописи и деловните 
потреби на Findex.